Наум 1:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштвото за Нинивија; книга на видението на Наум Елкошанецот.

2. Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите.

3. Господ е долготрпелив, ама голем во сила. Никако, Господ нема да ги пушти виновниците неказнети. Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе.

4. Му се заканува на морето и го исушува, ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан.

5. Пред Него горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Него, светот и сè што живее во него.

Наум 1