Михеј 7:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! Сите дебнат за крволеење, секој му поставува мрежа на својот брат.

3. Нивните раце способни се за зло: главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот големецот ја искажува похотливоста на својата душа, така тие, заедно го ткаат злото.

4. И најдобриот меѓу нив е како трн, најправедниот како трнлив плет. Денот на твоите чувари, и денот на твоите посетители пристигна, сега ќе биде нивната збунетост.

5. Немајте надеж на ближниот, не верувајте во пријателот; пред онаа која со тебе ја дели постелата, внимавај да не ја отвориш устата.

6. Зашто синот го презира својот татко, ќерката станува против мајката, снаата против својата свекрва, секому е непријател неговиот домашен.

7. А јас, јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува, мојот Бог ќе ме послуша мене.

8. Не радувај се на моето зло, непријателко моја, ако паднав, ќе станам; ако престојувам во темнини, Господ е моја светлина.

Михеј 7