Михеј 5:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.

13. Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.

14. Ќе ги искорнам ашерите од тебе и ќе ги разурнам твоите градови.

15. Во гнев и во бес, ќе ја извршам одмаздата над народите кои не слушаа.”

Михеј 5