Михеј 2:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Вие сами се дигате како непријатели на Мојот народ. На безгрешниот човек вие му ја одземате наметката, на оној кој патува без страв му досудувате воени стравотии.

9. Вие ги истерувате жените на Мојот народ од нивните мили домови; на нивните деца им ја одземате засекогаш славата која им ја дадов:

10. Станете, одете! Ова не е одморалиште! Зашто се онечистивте, тоа ќе ве уништи, да, потполно ќе ве уништи.

11. Кога би можел да биде вдахнат човекот, кој ја измислува оваа измама: ‘Ти пророкувам вино и пијалак,’ тој би бил пророк на овој народ.

Михеј 2