Михеј 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господово слово упатено на Моресетецот Михеј во времето на Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејски цареви. Неговите виденија за Самарија и Ерусалим.

2. Чујте, народи, вие сите! Слушај земјо и сè што те исполнува! Господ Бог ќе сведочи против вас - Господ од Својот свет Храм!

3. Зашто, еве: Господ излегува од Своето свето место, слегува и оди по земските височини.

4. Горите се растопуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат како восок пред оган, како водата што се разлева низ стрмнината.

Михеј 1