Матеј 9:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Но, за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови, тогаш му рече на фатениот: „Стани, подигни си ја постелата и оди си дома.”

7. И стана и си отиде дома.

8. А народот, кога го виде тоа, се исплаши и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.

9. А кога Исус си одеше оттаму виде еден човек, по име Матеј, како седи при митницата, и му рече: „Следи Ме!” Тој стана и Го следеше.

10. И се случи, откако седна Тој на трпезата во куќата, ете, многу цариници и грешници дојдоа и седнаа со Исуса, и со Неговите ученици.

11. Штом фарисеите го видоа тоа, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто вашиот Учител јаде со цариниците и грешниците?”

12. А Тој, кога го чу тоа, рече: „На здравите не им треба лекар, туку на болните!

13. Но, одете и научете што значи: ‘Милост сакам, а не жртви’; зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.”

Матеј 9