Матеј 9:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И ете, некои од книжниците си рекоа во себеси: „Овој богохулствува.”

4. А Исус, знаејќи ги нивните мисли, рече: „Зошто мислите зло во вашите срца?

5. Па што е полесно да се рече: ‘Ти се проштаваат гревовите’, или да се рече: ‘Стани и оди?’

6. Но, за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови, тогаш му рече на фатениот: „Стани, подигни си ја постелата и оди си дома.”

7. И стана и си отиде дома.

Матеј 9