Матеј 9:29-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”

30. И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”

31. А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја.

32. Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон.

33. Откако демонот беше изгонет, немиот проговори. И мноштвата восхитени, зборуваа: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел!”

34. А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку владетелот на демоните.”

35. И Исус ги обиколуваше сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието на царството и исцелувајќи секаква болест и секаква слабост меѓу луѓето.

36. А кога ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир.

37. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку,

38. молете Го тогаш Господарот на жетвата да испрати работници во Својата жетва.”

Матеј 9