25. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.
26. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.
27. И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!”
28. А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Му рекоа: „Да, Господи!”
29. Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”
30. И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”
31. А тие, штом излегоа, Го разгласија по сета онаа земја.
32. Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа човек нем и опфатен од демон.
33. Откако демонот беше изгонет, немиот проговори. И мноштвата восхитени, зборуваа: „Никогаш не се видело вакво нешто во Израел!”