Матеј 9:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.

26. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.

27. И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!”

28. А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Му рекоа: „Да, Господи!”

29. Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”

30. И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”

Матеј 9