Матеј 9:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. А Исус се сврте, ја виде и и рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.” И жената беше исцелена од тој час.

23. И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика,

24. и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.” И тие Му се потсмевнуваа.

25. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.

26. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.

Матеј 9