Матеј 8:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи:

6. ”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.”

7. Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.”

8. А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен.

9. Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави.

10. А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.

11. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад, и ќе седнат со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно;

12. а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина, каде ќе биде плач и чкртање на заби.”

Матеј 8