23. И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа.
24. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.
25. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нè! Загинуваме!”
26. И им рече: „Зошто се боите, маловерни?” Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.
27. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?”
28. И кога дојде на другата страна, во Гадаринската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегоа од гробовите, многу свирепи, така што никој не можеше да помине по оној пат.