9. Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?
10. Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?
11. И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?”
12. ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”
13. ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
14. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”
15. ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.
16. Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?