Матеј 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Не судете, за да не бидете судени!

2. Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”

3. ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?

4. Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’

Матеј 7