Матеј 6:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. нашиот насушен леб, дај ни го денес;

12. и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници;

13. и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!”

14. ”Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.

15. Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.”

Матеј 6