1. Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот.
2. И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3. Тогаш искушувачот Му пристапи и рече: „Ако си Божји Син, кажи овие камења да станат лебови!”
4. А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.”