Матеј 3:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи:

2. ”Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”

3. Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!

4. А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.

5. Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина,

6. и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.

7. Штом виде многу фарисеи и садукеи дека доаѓаат да ги крсти, им рече: „Породи змијски, кој ве предупреди да бегате од гневот што доаѓа?

8. Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание,

9. и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама.

Матеј 3