1. Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи:
2. ”Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
3. Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!
4. А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.
5. Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина,
6. и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.