Матеј 28:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И ете, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!” А тие се приближија при Него, Му се фатија за Неговите нозе и Му се поклонија.

10. Тогаш Исус им рече: „Не бојте се! Одете и соопштете им на Моите браќа, да отидат во Галилеја; и таму ќе Ме видат.”

11. А кога одеа, ете, некои од стражарите дојдоа во градот и им соопштија на првосвештениците за сè што беше станало.

12. И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници

13. и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме.

Матеј 28