Матеј 27:34-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.

35. А кога Го распнаа, ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка, за да се исполни кажаното преку пророкот: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија жрепка.”

36. И седеа и Го пазеа таму.

37. И Му ставија над Неговата глава натпис за Неговата вина: „Овој е Исус, Јудејски Цар.”

38. Тогаш распнаа со Него двајца разбојници: едниот оддесно, а едниот одлево.

39. А минувачите Го хулеа, вртејќи ги главите

40. и велејќи: „Ти, што го разурнуваш Храмот и што за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси, ако си Божји Син; слези од крстот!”

41. Исто зборуваа првосвештениците, со книжевниците и старешините, потсмевајќи Му се:

42. ”Другите ги спаси, а Самиот Себе не може да се спаси. Тој е Израелев Цар! Нека слезе сега од крстот и ќе Му поверуваме!

43. Тој се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако Го сака, зашто рече: „Божји Син Сум!”

44. А исто така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.

Матеј 27