Матеј 27:33-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. И кога стигнаа на местото наречено Голгота - што значи: череп,

34. Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.

35. А кога Го распнаа, ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка, за да се исполни кажаното преку пророкот: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија жрепка.”

36. И седеа и Го пазеа таму.

37. И Му ставија над Неговата глава натпис за Неговата вина: „Овој е Исус, Јудејски Цар.”

38. Тогаш распнаа со Него двајца разбојници: едниот оддесно, а едниот одлево.

39. А минувачите Го хулеа, вртејќи ги главите

Матеј 27