Матеј 27:28-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Го соблекоа и Го наметнаа со црвена наметка;

29. исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!”

30. И плукаа на Него, ја зедоа трската и Го удираа по главата.

31. Откако Го исмеаја, ја соблекоа од Него црвената наметка и Го облекоа во Неговата облека и Го одведоа да Го распнат.

32. А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот.

33. И кога стигнаа на местото наречено Голгота - што значи: череп,

34. Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.

35. А кога Го распнаа, ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка, за да се исполни кажаното преку пророкот: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија жрепка.”

36. И седеа и Го пазеа таму.

37. И Му ставија над Неговата глава натпис за Неговата вина: „Овој е Исус, Јудејски Цар.”

Матеј 27