Матеј 27:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!”

26. Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.

27. Тогаш војниците на управителот Го одведоа Исуса во преторијата и ја собраа целата чета околу Него.

28. Го соблекоа и Го наметнаа со црвена наметка;

29. исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!”

Матеј 27