2. И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.
3. Тогаш Јуда, кој Го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините;
4. велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”
5. Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.