Матеј 26:34-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Исус му рече: „Вистина ти велам, уште ноќеска трипати ќе се одречеш од Мене, пред да пропее петел.”

35. Петар Му рече: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.” Така рекоа и сите ученици.

36. Тогаш Исус дојде со нив на местото, кое се вика Гетсеманија, и им рече на учениците: „Седете тука додека Јас отидам онаму да се помолам.”

37. И ги поведе со себе Петра и двајцата Зеведееви синови и почна да тагува и да се вознемирува.

Матеј 26