Матеј 26:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. И учениците направија како што им заповеда Исус, и ја приготвија Пасхата.

20. А кога се стемни, Тој прилегна со Дванаесетте ученици на трпезата.

21. И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.”

22. И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?”

Матеј 26