Матеј 24:42-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!

43. А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.

44. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”

45. И така, кој е оној верен и благоразумен слуга, кого господарот го поставил над слугите свои, за да им дава храна навреме?

Матеј 24