34. Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.
35. Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
36. ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37. Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.
38. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
40. Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.
41. Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
42. Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43. А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”