9. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.
10. Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.
11. А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.
12. Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.”
13. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.”
14. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!”
15. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”
16. ”Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’
17. Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото?