Матеј 22:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. И штом го чуја тоа, се зачудија, па Го оставија, и си отидоа.”

23. Во тој ден дојдоа кај Него садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа:

24. ”Учителе, Мојсеј рече: ‘Ако некој умре без деца, неговиот брат нека ја земе неговата жена и нека му подигне потомство на брата си.’

25. А при нас беа седуммина браќа: првиот се ожени и умре, а бидејќи немаше пород, му ја остави својата жена на брата си.

26. Така и вториот, и третиот, сè до седмиот;

Матеј 22