Матеј 21:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. ”Кажете и на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!”

6. Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус.

7. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив.

8. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот.

9. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!”

Матеј 21