Матеј 20:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зашто небесното царство прилега на човек домаќин, кој излезе рано наутро да наеме работници за своето лозје.

2. И кога се погоди со трудбениците по денариј на ден, ги испрати во своето лозје.

3. И кога излезе пак околу третиот час виде други како стојат, на трговиштето, без работа,

4. и им рече: „Одете и вие во моето лозје, па ќе ви дадам што ќе биде право!”

5. И тие отидоа. А кога излезе пак околу шестиот и деветтиот час го направи истото.

Матеј 20