Матеј 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим,

2. и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.”

3. Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него.

4. И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос.

5. А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така:

Матеј 2