Матеј 19:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога Исус ги заврши тие зборови, отиде од Галилеја и дојде до пределите на Јудеја отаде Јордан.

2. И големо множество тргна по Него, а Тој ги оздрави таму.

3. И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?”

4. А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско,

5. и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’

Матеј 19