26. Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сè.’
27. И поттикнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.
28. Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, го фати, и го давеше, велејќи: ‘Исплати ми, тоа што ми должиш.’
29. Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослужител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сè.’
30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот.
31. А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија, и дојдоа и му кажаа на својот господар сè што се случи.
32. Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше.
33. Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’
34. И неговиот господар се разгневи и им го предаде на мачителите, додека му исплати сè што му должеше.
35. Така и Мојот небесен Татко ќе ви направи вам, ако секој од вас не му ги прости од срце престапите на својот брат.”