Матеј 18:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. ”Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата.

20. Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.”

21. Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?”

22. Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.”

23. Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.

24. А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти.

25. И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да се плати долгот.

Матеј 18