12. Како ви се гледа? Ако некој човек има сто овци, и едната од нив залута, нема ли да ги остави деведесет и деветте по планините, и да појде да ја бара залутаната?
13. И ако се случи да ја најде, вистина ви велам дека тој се радува за неа повеќе, отколку за деведесет и деветте, што не залутале.
14. Така, не е волјата на вашиот Татко, Кој е во небесата да загине едно од овие, маливе.”
15. ”Ако згреши братот твој против тебе, оди и укори го насамо, меѓу тебе и него. Ако те послуша, си го придобил брата си.
16. Но ако не послуша, земи со себе уште еден или двајца, и од устата на двајца или тројца сведоци да се потврди секој збор.
17. А ако не ги послуша нив, кажи и на црквата; па ако не ја послуша и црквата, нека ти биде како народите и како цариникот.
18. Вистина ви велам, што и да сврзете на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзете на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.”
19. ”Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата.