Матеј 18:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тој час учениците дојдоа при Исуса и рекоа: „Тогаш, кој е поголем во царството небесно?”

2. И повика дете при Себе, го постави среде нив

3. и рече: „Вистина ви велам, ако не се обрнете и станете како деца, нема да влезете во царството небесно.

4. И затоа, кој ќе се понизи себеси како ова дете, тој е поголемиот во царството небесно.

5. И кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима.

Матеј 18