Матеј 17:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. А Тој им одговори и рече: „Навистина Илија иде и ќе обнови сè.

12. Но, ви велам, дека Илија веќе дојде, и не го познаа, туку му направија како што сакаа. Така и Синот Човечки ќе пострада од нив.”

13. Тогаш учениците разбраа дека им зборуваше за Јована Крстител.

14. И кога дојдоа при мноштвото, еден човек Му пристапи, падна на колена пред Него и рече:

Матеј 17