Матеј 17:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И по шест дни Исус ги зеде со Себе: Петра, и Јакова и брата му Јована, и ги изведе на висока гора насамо.

2. И беше преобразен пред нив, лицето Му светна како сонцето, а Неговата облека стана бела како светлината.

3. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија и разговараа со Него.

4. А Петар одговори и Му рече на Исуса: „Господи, добро е за нас да сме тука; ако сакаш ќе направиме тука три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеја и еден за Илија.”

Матеј 17