Матеј 15:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!”

26. А Тој, одговарајќи и рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.”

27. Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.”

28. Тогаш Исус и одговори и и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час.

Матеј 15