Матеј 15:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање?

17. Не разбирате ли дека сè што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор?

18. А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот.

19. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.

Матеј 15