Матеј 14:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк.

6. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода,

7. затоа, тој со клетва и вети да и даде, што и да му побара.

8. А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужавник главата на Јован Крстител.”

9. И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да и ја дадат,

10. и испрати, па го обезглавија Јована во затворот.

11. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса.

13. А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите.

14. И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.

Матеј 14