Матеј 14:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.”

5. И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк.

6. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода,

7. затоа, тој со клетва и вети да и даде, што и да му побара.

8. А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужавник главата на Јован Крстител.”

9. И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да и ја дадат,

10. и испрати, па го обезглавија Јована во затворот.

Матеј 14