Матеј 14:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.”

34. И кога преминаа, дојдоа во Генисаретската земја.

35. И кога Го познаа луѓето од тоа место, испратија по целата онаа околија и Му ги донесоа сите кои беа болни,

36. и Го молеа да се допрат само до ресите на Неговата облека; и колку и да се допреа, сите се исцелуваа.

Матеј 14