Матеј 14:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето.

26. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!” и извикаа од страв.

27. А Исус веднаш им проговори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.”

28. А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.”

29. Тој пак рече: „Дојди!” И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса.

30. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!”

Матеј 14