Матеј 14:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен.

25. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето.

26. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!” и извикаа од страв.

27. А Исус веднаш им проговори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.”

Матеј 14