23. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму.
24. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен.
25. А во четвртата ноќна стража дојде при нив, одејќи по морето.
26. Кога Го видоа како оди по морето, учениците се исплашија и рекоа: „Тоа е привидение!” и извикаа од страв.
27. А Исус веднаш им проговори и рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се.”
28. А Петар Му одговори и рече: „Господи, ако си Ти, нареди ми да дојдам при Тебе по водата.”
29. Тој пак рече: „Дојди!” И Петар слезе од коработ и одеше по водата да дојде при Исуса.
30. Но кога го виде силниот ветер, се исплаши, почна да тоне и извика, велејќи: „Господи, спаси ме!”
31. А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?”
32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.
33. А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.”