Матеј 14:1-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса;

2. и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.”

3. Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа;

4. бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.”

5. И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк.

6. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода,

7. затоа, тој со клетва и вети да и даде, што и да му побара.

8. А таа, наговорена од својата мајка, рече: „Дај ми ја тука на послужавник главата на Јован Крстител.”

9. И царот се ожалости, но заради клетвите и заради оние што седеа со него, заповеда да и ја дадат,

10. и испрати, па го обезглавија Јована во затворот.

11. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса.

13. А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите.

14. И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.

15. А кога се свечери Неговите ученици дојдоа при Него и Му рекоа: „Местово е пусто и времето е веќе поодминато; распушти ги мноштвата да отидат по селата за да си купат храна.”

16. Но Исус им рече: „Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!”

17. А тие Му рекоа: „Тука немаме ништо, но само пет лебови и две риби.”

18. А Тој им рече: „Донесете Ми ги тука.”

Матеј 14